Дали Западен Балкан ќе биде набљудувач во ерата на Индустрија 4.0 или партнер?

Дали Западен Балкан ќе биде набљудувач во ерата на Индустрија 4.0 или партнер?

 

Извор: Олимпија Христова Заевска, експертка за иновации и одржливост и основачка на „Елсон солушнс“

27 јануари 2026, 06:00

Најновиот извештај на „Дилојт“ (Deloitte) за технолошки трендови во 2026 година ни вели дека светот забрзано се движи кон „физичка вештачка интелигенција“. Во суштина, пораката е следна: „вештачката интелигенција ги напушти екраните и влезе во машините, до каде сте и дали сте подготвени“? Оваа „физичка интелигенција“ не е иднината, туку оперативната реалност и срцето на Индустрија 4.0, во која развиените економии победуваат, а за Западен Балкан, ситуацијата е алармантна: без итна консолидација на фрагментираните иницијативи за поддршка и фокусирани инвестиции во инфраструктура за поддршка, регионот ќе (о)стане случаен набљудувач на технолошката револуција што се случува на неговите граници.

Насетувајќи ги долгорочните последици од Индустрија 4.0, во 2020 година започнав да работам на докторат на Бизнис школата во Копенхаген (Copenhagen Business School), токму за да разберам како развиените земји ги поддржуваат фирмите во оваа технолошка ера. Брзо сфатив дека веќе една деценија активно градат т.н. хабови или екосистеми на Индустрија 4.0 – мрежи на универзитети, фирми, бизнис комори и институции за поддршка на иновација и усвојување и примена на нови технологии. Ако развиените земји ги воспоставуваа овие хабови уште од 2013 година наваму, по клучниот саем во Хановер каде индустријалците ја прогласија новата ера на Индустрија 4.0, помалку развиените економии како се уште да не ја препознаваат важноста на овие хабови.

Дознај повеќе

 

Share this article with a friend

Name

Postion

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.